Најчести прашања и одговори

  Дали морам да се регистрирам?

За да купиш било што од нашата онлине продавница не мора да се регистрираш.Ама за да имаме подобра соработка и да учествувате во сите промоции и понуди подобро е да се регистрирате.

  Како да се регистрирам?

За да се регистрирате потребно е да ги потполните сите полиња кои се потребни.Морате да внесете точни податоци и да потврдите на вашиот емаил на линк кој ќе ви биде автоматски испратен.При самата регистрација можете да изберете да побарате да бидете наш продавач.Откако ќе ви дозволиме пристап ке имате право сами да поставувате производи и да раководите со истите.

  Како да се логирам?

Пријавувањето односно влез во административниот дел од продавницата се изведува на едноставен начин со внесување на потврдениот емаил или корисничкото име и лозинка.

  Во чија сопственост се производите кои се продаваат Во Мој Маркет?

Сите производи кои може да се најдат на Мој Маркет се сопственост на наши соработници на кои им ја отстапуваме платформата за продажба…Ние ги следиме во нивните продажби и им помагаме при навремено информирање за достава на производите.

  Како да нарачате?

Изберете производ,додадете го во кошничка,проверете ја вашата адреса,обавезно улица,број и телефони испратете ја на копчето „нарачај„Без овие податоци нема да ја испратиме нарачката.

  Како да платам?

Вашата избрана нарачка ќе ја платите исклучиво откако ќе ви пристигне  до најблиското карго или во вашиот дом.

  Кој ја плаќа испораката(транспортот)?

Нарачателот плаќа за транспортот …цените се без достава ..во зависност од поштата се доплаќа околу 100 ден.

  Како ќе знаете дали ја примивме вашата нарачка?

Откако ќе извршите нарачка,ќе видите страница со сите податоци кои сте ги потврдиле при нарачката,и одма потоа ќе добиете известување преку електронска пошта каде ке биде потврдена избраната нарачка.Исто така до вас ќе биде доставен и документ во пдф формат кј можете да го сочувате како доказ дека сте нарачале.

  За колку време ќе ја добијам нарачката?

Во зависност од тоа каде живеете во кој град.За нарачки од Охридско и Струшко Можно е и истиот ден да ја добиете пратката, А за другите градови најкасно до 4 работни денови.Додека производите од aliexpress зависи од нив..

  Какви производи нудиме?

Нашата online продавница секојдневно се полни со најразлични производи,дел од нив нашите соработници ги имаат на залиха а дел ги обезбедуваме откако ќе се нарачаат.Исто така може да се најдат и производи од алиекспрес како наши предлози …. ние ги откриваме по промотивни цени и ви ги нудиме вас.

  Секаков вид превара се казнува?

Ние сме сериозна платформа.Им стоиме на располагање на сите наши клиенти 24 часа на ден,7 дена во неделата.За сите прашања сме отворени преку тикет системот за подршка.Предупредување до сите кои што намерно би го злоупотребиле овој систем на било кој начин ќе бидат санкционирани ќе им биде трајно забранет пристап на овој сајт и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

  Aliexpress

За сите нарачки кои се однесуваат на алиекспрес важат нивните правила за продажба во Македонија,ние само ви предлагаме избрани производи…Ние немаме никаква одговорност при времето на достава на тие производи…

  Што ќе се случи ако нарачам производи од повеќе продавачи и како ќе бидат доставени?

Ви предлагаме да избирате производи од исти продавач за да ви пристигнат како една целосна пратка и да платите само еднаш достава,Доколку нарачате од различни продавачи тогаш ќе ви пристигнат пакети за секој продавач посебно.Ако вашата адреса е близу до нашите соработници тогаш можно е да се договориме во врска со доставата.и цената.Затоа секогаш за сите прашања сме отворени преку тикет системот.

  Како мој маркет може да биде сигурен дека нарачките се сериозни и дека не стои зад нив некој кој би го злоупотребувал овој систем?

Денес со оваа технологија што ја поседуваме е многу лесно да се открие секој што би ги злоупотребил нашите понуди.Ние од вас бараме податоци кои ќе ни користат при испораката на производот и исто така да се осигураме дека зад нарачката стои сериозна личност.Доколку нарачателот се однесува поинаку од нашите услови тогаш според ип адресата и телефонскиот број соодветно ќе реагираме …Ако купувачот не ни ги достави потребните информации за испорака ние нема да ја земеме во предвид таа нарачка.

Вратете се на почетокот